Атлетико му спрема отказ на Симеоне, нов тренер ќе биде Луис Енрике!

278

Вестите од Италија и Шпанија велат дека дојде крајот за Диего Симеоне како тренер на Атлетико Мадрид. Аргентинецот е еден од најплатените стратези во светот, но затоа тој во изминатата деценија и повеќе ги однесе „јорганџиите“ при самиот врв на фудбалска Европа. Двапати играше финале во ЛШ, а во два наврати ја освои и Ла Лига. Сепак во минатата сезона, но и во оваа, А. Мадрид не е на своето ниво. Фактот дека тој има договор до 2024 година не би требало да претставува проблем. Вестите говорат дека раководството на мадриѓаните веќе му спремиле отказ а нов тренер ќе биде најверојатно Луис Енрике, актуелниот селектор на Шпанија кој по Мундијалот во Катар би седнал на клупата на клубот од “Ванда Метрополитано“.

Но и Симеоне нема да седи без работа. Него го чекале клупата на Интер, посебно ако се знае дека новиот спонзор на клубот од Милано, кој би требало да го преземе Интер од Кинезите, инсистира тренер да биде Чоло Симеоне.

ПретходноОд утре во продажба билетите за мечот Е. Пелистер – Архус, ќе чинат по 250 денари!
СледноВаљадолид ја “торпедираше“ Селта, Кадиз и Бетис одиграа без голови! (ВИДЕО)