Ваљадолид ја “торпедираше“ Селта, Кадиз и Бетис одиграа без голови! (ВИДЕО)

67

Ваљадолид во меч од 10.коло во Ла Лига, на свој терен успеа да убедливо да ја победи Селта Виго и тоа со 4:1. Треба да се каже дека домашните во финишот на средбата не реализираа и пенал. Ваљадолид дојде во водство со голот на Меса во 32.минута, но на пауза се замина со 1:1 по голот на Родригез во 43.минута. Во второто полувреме Фернадез и двапати Леон „тресеа“ за 4:1, за убедлива победа на домашниот состав. Интересно, и Селта преку Аспас во 88.минута не успеа да реализира удар од белата точка. Со овие три бода Ваљадолид се искачи на 11.место со освоени 11 бодови.

За разлика од тој меч, на дуелот меѓу Кадиз и Бетис немаше ниту еден, па така мечот заврши 0:0, и двете екипи освоија по бод.

ПретходноАтлетико му спрема отказ на Симеоне, нов тренер ќе биде Луис Енрике!
СледноСтрумица Н. со пораз во Осијек го заврши европскиот настап