Не престануваат да пристигнуваат информации околу судењето на екс дефанзиевцот на Манчестер Сити, Менџамин Менди кој е обвинет и осомничен за силувања кои се случувале во неговиот дом.
Французинот приредувал забави на кои присуствувале многу девојки, а сега, дел од нив го обвинуваат Менди но и неговиот пријател Луис Саха Матури, дека сексуално ги слоставувале. Целата ситуација отидена е далеку, Менди веќе една година е во притвор, а судењето е во тек.
На истото, една од девојките која сведочеше, рече дека на една од забавите присуствувал и Џек Грилиш, со кого таа имала секс.
„Седев на троседот со Грилиш. Да, се бакнавме во кујната и на троседот во днената соба. Имавме секс но не се сеќавам во која од собите. Сигурна сум дека имавме секс“ – сведочеше девојката, која подоцна утрото на своја пријателска и испратила порака со следбата содржина. „Грилиш е супер во кревет“.…
Засега најскапиот фудбалер во историјата на Сити не ги коментира овие написи. Тој е во врска со девојка која ја има запознаено уште во средно школо, Саша Отворт, која што е фотомодел.
На крајот сведокот изјавил дека спиела заедно во иста соба со Менди и дека немале секс но дека имале таканаречени „сексуални активности“.
Менди во моментов се соочува со обвиненија за седум силувања, едно за обид за силување и едно за сексуален напад. Истите доаѓаат од шест различни девојки.