“Кралевите“ не знаат за доста, падна и Елче а ВАР им поништи три гола! (ВИДЕО)

132

Нова, деветта победа во десетиот меч во Ла Лига за Реал Мадрид и тоа кај Елче и тоа со 0:3. Валверде во 11.минута го отвори резултатот, а Бензема а кој ако не тој, во 75.минута стрелаше за 0:2 и за нови три бода “кралевите“, во финишот во таа 89.минута во листата на стрелците се запиша и Асенсио. Инаку треба да се каже дека ВАР на гостите од Мадрид им поништи дури три гола и тоа сите поради недозволена офсајд позиција.

Реал и натаму е прв и тоа шест бодови разлика пред Барса која има натпревар помалку.

ПретходноБитолчани перфектни на Златибор: Пелистер ја доби драмата со Шенчур
СледноЈунајтед го “преслуша“ Тотенхем! (ВИДЕО)