Куп: Победа и Македонија ЃП во битка за 1/4 финале!

383

 

Денеска од 14 часот на стадионот “Гоце Делчев“ во Прилеп се игра последниот дуел од 1/8 финалето во Купот на Македонија, и тоа меѓу Победа и Македонија ЃП. Познато е дека овој меч, како и сите други, требаше да се игра на 5 октомври, но поради европскиот настап на младиот состав на прилепчани истиот беше одложен за денеска.

Победа е во налет, момците на стратегот Бобан Бабунски од меч во меч играат се подобро, изминиот викенд останаа непоразени и против „пандевци“. Македонија ЃП која е актуелен бранител на пехарот во Купот на Македонија, сезонава ќе го има својот деби настап со оглед на тоа дека во 1/16 финалето беше слободна.

Можеби “лавовите“ се фаворити, но кога се игра натпревар во Купот тогаш се е можно, тогаш изненадувањата се можни, а во случај веќе нема да биде изненадување ако Победа оди натаму.

Познато е дека се игра само еден натпревар од 90.минути, ако нема победник во регуларниот дел тогаш веднаш ќе се изведува пенал – серија. Мечот ќе го води еден од нашите најдобри судии Јован Качевски од Струга.

Колку за потсетување веќе во ¼ финалето свој пласман обезбедија екипите на Струга Трим Лум, Брегалница, А. Пандев, Шкупи, Шкендија, Силекс и второлигашот Вардар, па така на овие екипи ќе им се придружи Победа или Македонија ЃП.

ПретходноШвајцарија остана без првиот голман за Мундијалот во Катар?
СледноЦЕВ КУП: Струмица Н. по потешкиот пат до следно европско коло