Ливерпул на „мускули“ до триумф со Вест Хем, Челзи само до бод кај Брентфорд! (ВИДЕО)

68

Ливерпул како да влегува во победнички ритам. Вечерва славеше против Вест Хем со 1:0 и тоа со многу мака, поточно на “мускули“, но сепак три бода си се три бода. Победникот го реши Дарвин Нуњез со гол во 22.минута. Треба да се каже дека Вест Хем имаше неколку шанси, а не реализира ни пенал во 45.минута преку Боувен.

Челзи како гостин одигра само 0:0 кај Брентфорд, додека Њукасл го победи Евертон со 1:0 и тоа со голот на Алмирон во 31.минута.

Саутемптон како гостин славеше со 0:1 кај Борнмут и тоа со голот на Адамс уште во 9.минута.

ПретходноСосиедад ја победи Мајорка, мечот доцнеше 15 минути откако на еден навивач му се слошило!
СледноБитолчани перфектни на Златибор: Пелистер ја доби драмата со Шенчур