Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар бил спремен да отиде под наем во Челзи во летниот преоден рок. Во изминатиот трансферен прозорец се зборуваше дека францускиот клуб се обидува да му најде нов клуб на Бразилецот на инсистирање на Килијан Мбапе.
Постоеја најразлични шпекулации, една од нив беше да оди во Барселона што беше невозможно поради финансиските проблеми на каталонскиот клуб. Најдобри понуди имале Челзи и Њукасл. Според „Ел Паис“ и „Марка“ самиот Бразилец бил спремен да отиде на позајмица на „Стемфорд Бриџ“ затоа што Челзи има амбиција но и квалитет да се бори за титулата во Премиер лигата како и ЛШ што одговара на амбицијата на самиот фудбалер.
Што се однесува до Њукасл, бразилскиот напаѓач не сакал да отиде на „Сент Џејмс Парк“ и покрај фантастичните финансиски ресурси на клубот од северот. Проблемот е што Њукасл се уште е далеку да се бори за нешто значајно.
На крајот ништо од тоа. Не стигнала ниту една конкретна понуда до ПСЖ за Нејмар па бразилскиот репрезентативец остана на „Паркот на принцовите“.