Нов пораз на Ц. Звезда во Евролигата!

78

Вечерва се одиграа три средби од 3.коло во Евролигата. Српскиот првак, тимот на Ц. Звезда и овојпат не успеа да дојде до првиот триумф сезонава. Црвено – белите беа поразени на гостувањето кај Басконија со 92:75. Одличен беше Хауард кај домашните со 30 поени.

Алба Берлин на свој терен просто го растури Панатинаикос со 94:65. Најдобар поентер на мечот беше Сикма со 16 поени.

И во последниот дуел, Реал Мадрид дома беше поразен од Олимпијакос со 87:89. Везенков кај гостите имаше одличен настап со 23 поени.

ПретходноЈунајтед го “преслуша“ Тотенхем! (ВИДЕО)
СледноЈунајтед победи а Роналдо гневен! (ВИДЕО)