Од утре во продажба билетите за мечот Е. Пелистер – Архус, ќе чинат по 250 денари!

221

На 25 октомври во Битола, Е. Пелистер се среќава со данскиот Архус во меч од 1.коло во Европската ракометна лига. Па така од таборот на нашиот евро претставник, информираат дека од утре ќе бидат пуштени во продажба билетите за овој прв натпревар во Д групата. Тие ќе чинат по 250 денари. Повеќе од јасно е дека истите ќе пламнат за брзо време и дека ракометарите на Е. Пелистер и овојпат ќе има голема поддршка од своите верни фанови.

Да потсетиме, мечот се игра на 25 октомври во салата “Боро Чурлевски“ во Битола со почеток од 20:45 часот.

May be an image of 1 person and text

ПретходноНов убедлив пораз за ТФТ во АБА2-лига!
СледноАтлетико му спрема отказ на Симеоне, нов тренер ќе биде Луис Енрике!