Одбојкарите на Струмица Никоб вечерва (19 ч.) во Осијек го играат клучниот меч за опстанок на евро-картата оваа сезона. Во реваншот од 1. коло од елиминациите во ЦЕВ Купот, нашиот првак ќе мора да обезбеди победа на гостински терен против силниот хрватски состав Мурса, која минатата недела изненадувачки замина како победник од салата „Парк“ во Струмица со 3:2.
Избраниците на тренерот Кире Ричлиев веќе ги одржаа официјалните тренинзи во салата во Осијек и најавуваат сосема поинакво лице од мечот од пред осум дена.