Поранешен играч на Ливерпул осуден на осум години затвор

155

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Лејтон Максвел е осуден на осум години затвор поради поседување на кокаин во вредност од шест милиони фунти. Агентите на организиран криминал пронашле повеќе од 60 килограми кокаин, крек и хероин во неговата куќа во Кардиф.

Максвел, кој сега има 43 години и дозволил на банда да го користи неговиот дом како сигурносна куќа за складирање на дрогата. Тужителите рекоа дека бил плаќан по 500 фунти месечно за својата улога курир за шефовите на бандата.

Максвел имал само 19 години кога на дебито за Ливерпул на „Енфилд“ постигнал гол во Лига купот против Хул Сити во 1999 година. Играчот за врска во кариерата играл и за Стокпорт, Кардиф Сити и Свонси. Неговата кариера отишла во надолна линија по што почнал да се занимава со препродавање на дрога.

ПретходноСтрумица Н. со пораз во Осијек го заврши европскиот настап
СледноРепрезентативец на Костарика падна на допинг тест, го пропушта Мундијалот