Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, изјави дека сака неговите играчи да се фокусираат на нивните игри на терен, да не размислуваат за нови договори во моментов. Холандскиот менаџер во оваа категорија ги вклучи и ѕвездите со актуелни договори до лето како Кристијано Роналдо, Давид де Хеа и Маркус Рашфорд.
„Во овој момент од сезоната треба да размислуваме само за нашите игри бидејќи ни претстојат многу натпревари на неколку фронтови. И не е време за разговор. Ако сакаме разговорите потоа да бидат убави и навистина интересни, мораме да размислуваме за настапите во моментов индивидуални и колективни. Во моментов нема за што да преговараме“ – изјави Тен Хаг.