Тешко повреден еден од најдобрите стелци во историјата на Серија А

254

Чиро Имобиле, најдобар стрелец во историјата на Лацио (189 гола), четирикратен најдобар стрелец во една сезона во Серија А, вклучувајќи ја и последната, и осми најдобар стрелец во историјата на италијанската лига (188), поради тешка повреда на тетивите на левата нога нема да игра до јануари, соопштија од неговиот клуб.

Ова е огромен хендикеп за Лацио, бидејќи Имобиле во 14 меча постигна седум и намести пет гола за третопласираниот тим во Серија А, кој сега ќе мора да одигра голем број важни натпревари без својот капитен.

Маурицио Сари сега ќе мора да најде замена за незаменливиот. „La Gazzetta dello Sport“ наведува дека наместо Имобиле ќе ги пробаат Фелипе Андерсон, Педро, Ромеро и Милинковиќ-Савиќ.

ПретходноТФТ по поправка на впечатокот, Пелистер за перфекција!
СледноИранката која настапи без хиџаб пречекана како херој во Техеран!