Финалистите од минатата, ја отворија новата НБА сезона со победи (ВИДЕО)

92

Кошаркарите на Голден Стејт рано утринава со победа ја започнаа одбраната на титулата во НБА лигата, откако на домашен терен славеа во дербито против Лос Анџелес Лејкерс со 123:109.

Пред почетокот на мечот во Сан Франциско, НБА прстените им беа доделени на кошаркарите на Голден Стејт, кои минатата сезона го совладаа Бостон во финалната серија со 4:2. Стивен Кари го предводеше Голден Стејт до победата со 33 поени, седум асистенции и шест скока, Ендрју Вигинс додаде 20 поени, со шест скока, а Клеј Томпсон постигна 18 поени.

Кај гостите Леброн Џејмс оствари дабл-дабл учинок со 31 поен и 14 скока и забележа осум асистенции, Ентони Дејвис постигна 27 поени со шест скока, а дабл-дабл имаше и Расел Вестбрук со 19 поени и 11 скока.

Бостон, пак, ја победи Филаделфија со 126:117 во првиот натпревар од сезоната. На полувремето беше нерешено 63:63, но Бостон го реши мечот во третата четвртина, кога во неколку наврати достигнуваше и 13 поени разлика. Финалистите од минатата сезона од клупата ги предводеше привремениот тренер Џо Макула, кој дојде на местото на суспендираниот Име Удока. Удока беше суспендиран од клубот на една година поради кршење на правилата.

Кај домашните Џејлен Браун и Џејсон Тејтум постигнаа по 35 поени. Џејмс Харден беше најефикасен во тимот на Филаделфија со 35 поени што е негов клупски рекорд.

ПретходноАрсенал го наградува Рамсдејл со нов договор и повисока плата
СледноКанте опериран, го чека пауза од 4 месеци