ЦЕВ КУП: Струмица Н. по потешкиот пат до следно европско коло

105

Вечерва од 19 часот во Осијек, македонскиот одбојкарски шампион Струмица Никоб ќе го одигра реванш натпреварот од првото елиминациско коло во ЦЕВ Купот. По неочекуваниот пораз на домашен терен од 3:2, струмичани заминаа на реванш кај хрватска Мурса со надеж дека ќе им се реваншираат комплетно и ќе успеат да го потврдат квалитетот со пласман во уште едно коло од ова второ по ранг европско натпреварување.

По одличниот двомеч со холандски Динамо Апелдорн во Лигата на шампионите каде за еден поен во „Златниот сет“ не успеаја да обезбедат пласман во 2. коло, одбојкарите на Струмица Никоб потфрлија во првиот домашен меч против Мурса. Играта денеска ќе мора да биде многу подобра, а треба да се искористат сите опции за да се дојде до каква било победа за пласман во следната фаза.

„Во Струмица одигравме мнoгу под нашето ниво и навистина послабо за разлика од натпреварот со Холанѓаните во Скопје. Да се надеваме дека ќе ги поправиме сите недостатоци од првиот меч во Струмица и дека ќе одиграме еден добар натпревар овде. Мурса не е подобра екипа од нас и секако може да се победи на гостински терен“, вели искусниот организатор на играта на нашиот шампион, репрезентативецот Филип Деспотовски.

Со победа од 3:0 или 3:1 Струмица обезбедува пласман во следната рунда, а победа од 3:2 ќе води кон одигрување на „Златен сет“.

фото: CEV

ПретходноКуп: Победа и Македонија ЃП во битка за 1/4 финале!
СледноПо страшната несреќа со 174 жртви: Индонезија ќе го срамни со земја стадионот Канџурухан