Чави: Мојот мобилен изгледа како да ми починал член на семејството!

385

Барселона го освежи тимот во летниот преоден рок со доведување на играчи вредни повеќе од 170 милиони евра, но шпанскиот гигант и покрај напорите може да биде елиминиран во групната фаза од Лигата на шампионите и тоа втора година по ред. Тренерот Чави Хернадез е свесен дека работата му е загрозена.

Барселона на последните четири натпревари забележа само една победа. Во таа серија имаше пораз и нерешено со Интер во Лигата на шампионите, победа против Селта Виго во првенството и пораз од Реал Мадрид во Ел Класико, со што Барса го загуби првото место на рангирањето во шпанското првенство од својата најголемиот ривал.

„Морам да бидам искрен со фановите. Продолжувам полн со ентузијазам, и покрај сите критики што беа таму во изминатава недела. Добивам зборови на поддршка. Мојот мобилен телефон изгледа како да ми починал член на семејството.

Клубот заврши одлична работа, имаме добар тим и мораме да се натпреваруваме за трофеи. Ако не победиме, како што рече претседателот на клубот, ќе има последици, а тие почнуваат од мене. Ако не победуваме, ќе дојде друг тренер. Но, со оглед на тоа дека ќе дадам се од себе за да успеам“, изјави Чави. 

Претходно“Лавовите“ славеа во Прилеп и се пласираа во 1/4 финалето во Купот на Македонија
СледноИако заработува милиони, Левандовски се појави со часовник вреден околу 5,300 денари!