Досегашниот тренер на тимот на Шалке 04, Франк Крамер доби отказ по само четири месеци минати на оваа функција. По поразот од Хофенхајм од 5:0, седми пораз во 12 мечеви сезонава, беше јасно дека менаџментот на клубот ќе бара алтернативно решение. Ситуацијата на резултатски план е алармантна затоа што Шалке е претпоследен на табелата.
Медиумите во Германија велат дека најсериозен кандидат за преземање на тренерското место е Томас Раис кој до неодамна го водеше тимот на Бохум.
Шалке туку што се врати во првата Бундес лига сезонава но очигледно има проблем овој статус да го задржи.