Првиот голман на репрезентацијата на Швајцарија, Јан Зомер, по се изгледа, е уште еден од низата несреќници кои ќе мора да го пропуштат Светското првенство во Катар.
На еден месец до почетокот на најголемиот фудбалски настан, швајцарскиот голман се здоби со повреда на ногата. Зомер синоќа беше принуден да го напушти куп натпреварот на својата Борусија Менхенгладбах против Дармштад по само 13 минути игра.
Првите вести велат дека повредата на Зомер е сериозна. Засега нема конкретни лекарски најави за отсуството од терените кое мора да го направи, но прашање е дали ќе биде подготвен за Мундијалот.