Арсенал планира да го награди својот голман Арон Рамсдејл со нов договор и поголема плата. 24-годишниот чувар на мрежата брзо се наметна во тимот на „топчиите“ и остави одличен впечаток со своите настапи откако беше доведен на „Емирати“ во 2021 година. Минатата сезона тој имаше 14 „празни “ мрежи, а оваа сезона на 10 одиграни натпревари во Премиер лигата прими само 10 гола, а на 4 од нив не прими гол.
Рамсдејл е под договор со Арсенал на уште четири години, а клубот има опција да го продолжи неговиот договор за уште една година. „Топчиите“ веруваат дека голманот веќе се докажал како важен играч за клубот и заслужува повисок хонорар од она што го добива во моментов.
Освен на Рамсдејл, наскоро ќе се обноват договорите и на голем дел од младите играчи кои покажаа позитивен развој во последните години како Букајо Сака, Габриел Мартинели и Вилијам Салиба.