По подолго време Илија Несторовски беше стартер во тимот на Удинезе, и тоа против Монца во меч од Купот на Италија. Македонецот беше на терен се до 65.минута кога беше заменет. Но овој меч Нестор нема да го памети по убаво зошто тој и неговите клупски другари доживеаја елиминација и тоа со резултат до 2:3. Во меч со многу пресврти, Монца дојде до триумф во самиот финиш на средбата.