ТФТ по поправка на впечатокот, Пелистер за перфекција!

103

Македонските претставници во АБА2-лига денеска продолжуваат со мечевите во првиот „балон“ оваа сезона, чиј домаќин е Златибор.

На стартот силите ги одмерија токму ТФТ и Пелистер, а како победник од оваа битка излегоа битолчани, славеа со 65-75. Овој дуел имаше изненадувачки тек, бидејќи аткуелниот освојувач на Купот на Македонија беше под нивото на кое сме навикнати. Иако дебитираа во АБА2-лига, сепак играа против клуб кого добро го познаваат, па бледото издание воопшто не им прилегаше.

Денеска Боро Смилковски и неговите момци ќе имаат шанса да покажат дека многу повеќе и дека местото навистина им во второлигашката јаданска кронкуренција, за противник го имаат составот на Сутјеска, мечот е закажан со почеток во 18 часот.

Веднаш по оваа средба на терен ќе излезе Пелистер, втората победа на стартот на сезоната ќе ја вбара против Шенчур, кој тргна со триумф над Хелиос. Со овој натпревар, македонските тимови ги завршуваат обврските во првиот „балон“.

ПретходноТен Хаг: Во моментов тема се мечевите, а не новите договори
СледноТешко повреден еден од најдобрите стелци во историјата на Серија А