Во дербито на вечерта во Премиерлигата, Манчестер Јунајтед на “Олд Трафорд“ со 2:0 успеа да го победи Тотенхем на Антонио Конте. Добра, одлична партијна на момците на Ерик Тен Хаг и апсолутно заслужена победа и освојување на нови три бода.
Стрелци на головит за Јунајтед беа Фред во 47.минута, а Бруно Фернандеш во 69.минута зголеми на 2:0. Во финишот Бруно постигна уште еден гол, но ВАР го поништи.
Ова за Тотенхем беше една од најслабите партии во последно време, но затоа Јунајтед се покажа во одлично издание.