Пелистер со „два од два“ се враќа од првиот „балон“ во АБА2-лига, чиј домаќин е Златибор. На стартот битолчани го добија македонското дерби со ТФТ, а синоќа беа подобри во драмата против Шенчур.
Стратегот Марјан Илиевски има право на задоволство, бидејќи допатуваа со бројни проблеми.
„Горд сум на моите момци што ги победивме двата натпревари, иако беше невозможна мисија пред Златибор поради кратката ротација и сите проблеми. Фала му на Бога, сите сме во добра здравствена состојба и сето тоа што го прикажавме како карактерна особина, пред се во одбраната. Заморот не стигна во третата четвртина, противникот ги казни со поени од транзиција. Имавме и проблеми со фаули, моравме да застанеме во зона и да ги заштитиме клучните играчи. Среќен сум затоа што мечот заврши вака и се надевам дека во иднина ќе продолжиме во ваков ритам и ќе добиеме симпатија од сите оние кои го пратат овој спорт, за она кое го играме“, изјави Илиевски по мечот.