Левандовски го „спасува“ Чави, Покетино на трибините на „Камп Ноу“ (ФОТО+ВИДЕО)

346

Барселона им се врати на победите. Во последниот меч до 10. Коло на Ла Лига, Каталонците вечерва без посериозни проблеми ја совладаа екипата на Виљареал со високи 3:0.

Чави тргна со подмладен тим во кој беа тројца од „децата“ на клубот, Ансу Фати, Гави и Педри, како и феноменалниот Роберт Левандовски, кој беше стрелец на два гола вечерва.

Интересно е што денеска на трибините на „Камп Ноу“ беше Марисио Покетино, по што веднаш почнаа шпекулациите дека тој ќе биде наследникот на Чави во скора иднина.

По 10 одиграни кола, Барса е на второто место во Примера со 25 бода, три помалку од лидерот Реал.

ПретходноПо клупската суспензија Роналдо се огласи на социјалните мрежи: Јас сум професионалец!
СледноАстон Вила со шут-карта за Џерард, желбата е Покетино!