Смилковски: Мислам дека „изгоревме“ од значењето на оваа лига

167

ТФТ не успеа од втора да дојде до првата радост во дебитанската сезона во АБА2-лига. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија на Златибор не беше на нивото кое сме навикнати да го гледаме, беше убедливо надигран од Пелистер, а вчера и од Сутјеска.

Боро Смилковски и неговите момци ќе имаат доволно време да се рехабилитираат и веќе на следниот „балон“ да покажат дека можат многу повеќе, дека навистина заслужуваат да бидат дел од второлигашката јадранска конкуренција.

„Мислам дека „изгоревме“ од значењето на оваа лига и што треба за да бидеме на ова ниво. Ние се наоѓаме во некој транзициски период, имаме тројца нови играчи кои првпат беа со нас тука на Златибор, немаме и играч на „петка“, ни се повреди и играчот кој ја покриваше таа позиција, па моравме да игравме со капитенот Нури кој со нас тука е повеќе за да ја чува атмосферата во соблекувалната. Имавме нејкоја добра енергија во првиот дел, но шутот не не послужи. Второто полувреме беше ревијално, против екипа која знаеше да не казни. Ќе мора за следниот турнир да го најдеме играчот кој ќе ја покрива позицијата пет и ќе бидеме подобри“, изјави Смилковски.

ПретходноФФМ потврди: Ставрев згреши за пеналот зa Шкупи!
СледноСтигнаа загрижувачки вести за Борис Бекер од затворот!