На 25 октомври (вторник), во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, ќе се одржи ждрепката за 1/4 финалето од Купот на Македонија. Познато е дека и во оваа фаза нема да има привилегирани екипи на ждрепката, само ќе се одредува тимот кој ќе биде домаќин. Па така ако во 1/8 финалето една екипа била домаќин, тогаш во оваа фаза ќе биде гостин.
Инаку во шеширот за 1/4 финалето се седум прволигаши и тоа Струга ТЛ, Шкендија, Шкупи, Македонија ЃП, Силекс, Брегалница и А.Пандев, како второлигашот Вардар.