Голем гест: Матеус и го врати на Аргентина дресот на Марадона од финалето на СП 1986! (ВИДЕО)

422

Дресот со кој Диего Армандо Марадона го одигра финалето на СП во Мексико 1986 вратен и е на Аргентина. Ова го направи Лотар Матеус, легендарниот капитен на репрезентацијата на Германија кој по тоа финале си ги размениле дресовите со Диего.

За разлика од него, дресот со кој Марадона го играше 1/4 финалето против Англија на истиот Мундијал, Стив Хоџ го продаде за 7,1 милиони долари и тоа на аукција. Хоџ исто така го разменил тогаш дресот со Диего.

Диего е ГОСПОД во Аргентина, затоа е посебно чувството да се претстави овој дрес на луѓето во таа земја“ изјавил Матеус пред два месеци во амбасадата на Аргентина во Мадрид каде се одржала свеченоста кога Матеус им го предал дресот на првите луѓе на Фудбалската федерација на Аргетина.

Матеус истакнал дека ги нема тие пари на светот за кој тој би го продал тој дрес на неговиот голем пријател и воедно ривал Диего Армандо Марадона.

ПретходноЈакимовски се прости од судењето, Качевски е нов ФИФА судија!
СледноЛЕ: Џака го потврди пласманот на Арсенал во следната рунда (ВИДЕО)