Дончиќ „решеташе“, па промаши шут за победа (ВИДЕО)

121

Далас на првиот натпревар во новата сезона е поразен на гостувањето кај Феникс со 107-105. Кошаркарите на Нагетс имаа шанса за триумф, но Лука Дончиќ промаши шут за три поени од осум метри.

И покрај ова, Словенецот беше најдобра на теренот, постигна 35 поени, ги погоди сите 13 слободни фрлања кои ги имаше, а додаде уште девет скока и шест асистенции. Кај Феникс, Букер со 28 поени и 9 асистенции беше најдобар.

Ниту Никола Јокиќ со својата одлична партија не беше доволен за победа на својот тим, Денвер забележа убедлив пораз од 123-102 кај Јута. Србинот постигна 27 поени, 6 асистенции и 4 скока. Секстон со 20 поени и 5 скока ги предводеше „џезерите“.

Резултати: Детроит – Орландо 113-109, Индијана – Вашингтон 107-114, Алтанта – Хјустон 117-107, Бруклин – Њу Орлеанс 10-8-130, Мемфис – Њујорк 115-112 (прод.), Мајами – Чикаго 108-116, Торонто – Кливленд 108-105, Минесота – Оклахома 115-108, Сан Антонио – Шарлот 102-129, Јута – Денвер 123-102, Феникс – Далас 107-105, Сакраменто – Портланд 108-115.

ПретходноТен Хаг со политички одговор за непочитувањето на Роналдо!
СледноИлиевски: Горд сум на овие момци!