До почетокот на СП во Катар, Верона ќе има нови сопственици

104

Сопственикот на италијанскиот прволигаш Верона, Маурицио Сети одлучи да ги продаде своите мнозински акции во клубот. Според информациите тој ги понудил своите акции на продажба на компанијата „Дојче банк“ за истата да управува со преземањето на клубот.

Сети сака да ги продаде своите акции за повеќе од 100 милиони евра и сака да ги заврши работите пред да започне Светското првенство следниот месец, давајќи му малку време на купувачот да ја среди документацијата.

Во последните недели имаше состаноци во седиштето во Верона помеѓу некои претставници на можните нови сопственици за преземање на клубот. Верона е во стабилна финансиска позиција, има помалку долгови од минатата година и со добра сума пари што чекаат да се слеат во клупската каса мошне скоро.

Првата понуда за Верона беше околу 80 милиони евра во јули, но бројките најверојатно ќе се искачат над 100 милиони евра. Сети и даде ексклузивен мандат на Дојче банк да раководи со операцијата и работите почнуваат да се движат побрзо.

ПретходноЃоковиќ го пропушта Мастерсот во Париз?
СледноСефте за Партизан во Евролигата