Изненадување во Каунас: Жалгирис ја совлада Барселона

91

Кошаркарите на Жалгирис ја совлада фаворизираната Барселона пред своите гледачи во Каунас со резултат 73:72 и го направија првото големо изненадување во 4. коло на Евролигата.

Ова е втора последователна победа на литванскиот тим, а Барса го претрпе вториот пораз во првите четири кола. Жалгирис, поддржан од гласните навивачи, одлично и парираше на Барса во текот на првата четвртина, а во втората беше значително подобар ривал, па резултатот на полувремето беше 44:35 за литванскиот тим.

Предводена од Јан Весели, Барса успеа да возврати во третата четвртина и да поведе, па во последните десет минути имаше минимална предност – 56:55.

Жалгирис водеше со 67:61 во средината на последната четвртина, но Барса успеа повторно да се врати и да поведе со 70:69 на крајот од мечот. Во драматична завршница, Жалгирис ги искористи пропустите на Барса и дојде до голем триумф.

Еванс беше најефикасен во победничкиот тим со 18 поени, а кај Барса најефикасен беше Јан Весели со 12 поени.

ПретходноЛЕ: Џака го потврди пласманот на Арсенал во следната рунда (ВИДЕО)
СледноСкандал: Претседателот на Бразил ветува дека ќе му ги прости милионските долгови на Нејмар кон државата!