Реал Мадрид го доби првото овосезонско „Ел Класико“, на домашен терен ја совлада Барселона со 3-1 и се издвои на табелата во Ла Лига со три бода пред каталонскиот гигант.
По завршувањето на оваа средба првиот човек на каталонскиот гигант, Жоан Лапорта влезе во соблекувалната на судиите, причината е пеналот кој го досудија во корист на Реал Мадрид за конечни 3-1.
Лапорта не беше задоволен па одлучи тоа да го покаже лично, бараше објаснување од Санчез. Судиите веднаш го забележаа овој протест на првиот човек на Барселона во записникот, а тамошната федерација го казни со 150 евра.
„Веднаш по завршување на мечот Жоан Лапорта дојде во соблекувалната на судиите и повеќе пати бараше објаснување за некои одлуки. Како резултат на овие случувања е замолен да ја напушти соблекувалната без инциденти“, стои во извештајот на судиите.
🚨| Joan Laporta went to the referees’ room to ask for explanations in some actions in the game. #fcblive pic.twitter.com/SUEEzgb2Ak
— BarçaTimes (@BarcaTimes) October 16, 2022