ЛЕ: Џака го потврди пласманот на Арсенал во следната рунда (ВИДЕО)

146

Арсенал со минимална победа од 1:0 го потврди своето место во нокаут фазата од Лигата на Европа. Лондончани ја имаа иницијативата од самиот почеток, заканувајќи се преку Нкетија во неколку наврати. Во 11. минута Тирни имаше одлична шанса, но без гол се замина на пауза.

Џака имаше неколку шанси на стартот на второто полувреме, но за решавачкиот гол се чекаше до 71. минута.  Швајцарецот успеа да го матира гостинскиот голман и да донесе клучна предност за нови три бода.

Фудбалерите на Артета имаат 4 од 4 во својата група и обезбедија понатамошен пласман, додека ПСВ има седум бода и се уште ќе се бори за потврда на второто место во групата.

ПретходноГолем гест: Матеус и го врати на Аргентина дресот на Марадона од финалето на СП 1986! (ВИДЕО)
СледноИзненадување во Каунас: Жалгирис ја совлада Барселона