По три меча без триумф: Фулам ја „растури“ Астон Вила (ВИДЕО)

113

По два порази и едно реми, Фулам конечно успеа да ја прокнижи четвртата победа сезонава во Премиер лигата. На домашен терен малиот лондонски состав заслужено ја победи Астон Вила со убедливи 3:0.

Домашните до водство ги водеше Харисон Рид постигнува убав гол во 37. минута. Работите уште повеќе се искомплицираа за тимот од Бирмингем во 62. минута. Судијата Мајкл Оливер, во консултација со ВАР, му покажа директен црвен картон на Даглас Луиз по агресивното однесување на Бразилецот кон Александар Митровиќ.

Фулам пет минути подоцна погоди и за 2:0. Александар Митровиќ реализираше пенал, за Тајрон Мингс со автогол во 84. минута да ги потврди убедливите 3:0 за Фулам.

ПретходноСефте за Партизан во Евролигата
СледноПо клупската суспензија Роналдо се огласи на социјалните мрежи: Јас сум професионалец!