Примера под знак прашалник викендов!?

336

Фамозната супер лига повторно прави проблеми. Целокупното коло во Примера шпанската лига кое е закажано виекендов можно е да не се одигра, најави првиот човек на лигата Хавиер Требас.

Причина за ова е оживувањето на идејата за проектот Суперлига, кој што пред две години беше задушен од страна на голем број на клубови, играчи но и навивачи ширум Европа. Она што е конкретно спорно во случајов е фактот што неодамна шпанската влада донесе закон за спорт во кој има одредби односно амандмани, со кои на клубовите им се дозволува да настапуваат и во домашниот шампионат но и во Суперлигата во исто време. Тоа е нешто што сите лиги вклучително и Ла Лига го одбија кога првично беше презентирана идејата за Суперлигата.

Тебас е во координација со сите клубови и најавен е штрајк доколку не дојде до промена на овие одредби односно амандмани во законот за спорт. Рокот за промена е до крајот на денешниот ден.

ПретходноРаботнички – Силекс на „Петар Милошевски“
СледноДарвин Нуњез го собори рекордот за брзина во Премиер лигата