Работнички – Силекс на „Петар Милошевски“

449

Следното 12. коло од ПМФЛ шампионатот се игра следната недела. Викендов поради обврските на репрезентацијата нема да има активности на прволигашките терени низ Македонија, а истото ќе биде надокнадено следните вторник и среда.

Прв се игра дуелот од во Штип помеѓу Брегалница и Академија Пандев во вторник на 25 септември. Во среда пак ќе се комплетира целото коло со мечевите Скопје  – Шкендија, Победа – Струга Трим Лум, Шкупи – Тиквеш, Ренова – Македонија ЃП и Работнички  – Силекс.

Последниот дуел ќе се игра на комплексот Петар Милошевски во Скопје. Сите мечеви стартуваат од 14:00 часот.

 

ПретходноУтре промоција на новиот спонзор на КК Работнички
СледноПримера под знак прашалник викендов!?