Сефте за Партизан во Евролигата

82

По две големи и пропуштени шанси, белградски Партизан вечерва, конечно, ја оствари првата победа во Евролигата. Момците на Жељко Обрадовиќ славеа максимално убедливо над Виртус Болоња со 90:62. Ова е прва победа за „црно-белите“ по 8 години, откако претходно славеа во ова еминентно натпреварување на 4 април 2014 година, кога во Белград го совладаа Жалгирис со 78:67.

Џејмс Нанели беше најефикасен кај Партизан со 20 поени, а Бако со 11 и Вимс со 10 поени беа најефикасни кај Виртус.

Уште една тесна победа обезбеди Армани Милано, овојпат на гостувањето кај Баерн со резултат 81:83. Домашните беа подобри во првото полувреме и имаа предност од 6 поени разлика, но Армани полека почна да се враќа во натпреварот и на крајот да го добие дуелот.

Макаби Тел Авив рутиски дојде до нова победа на својот паркет, откако беше подобар од Асвел со 88:69. Тесна победа и за Фенербахче во дербито на вечерта. Турците дома ја совладаа Валенсија со 79:77.

ПретходноДо почетокот на СП во Катар, Верона ќе има нови сопственици
СледноПо три меча без триумф: Фулам ја „растури“ Астон Вила (ВИДЕО)