Па, зарем е можно ова? Зарем навистина ова е судбина? Имено Лео Меси, ако се биде како што треба, тогаш својот 1.000 меч во кариерата би го имал во финалето на СП во Катар.
Ова сценарио само за на филм што се вели. Имено пресметано е досега дека Меси има одиграно 988 официјални натпревари во неговата кариера. Пред настапот на Мундијалот него и на ПСЖ му остануваат уште четири меча во Лига 1 и два во ЛШ.
Е, сега, ако на сите овие одигра барем по една минута, но еден треба да пропушти поради “повреда“, тогаш му останува со својата Аргентина да се пласира до финалето каде би го одиграл својот јубилеен 1.000 меч во кариерата. Имено во Катар би дошол со бројка од 993 натпревари, а познато е дека максимален број на натпревари, за финалистите на еден Мундијал е седум. И ете Лео во финалето би го одиграл тој 1.000 меч.
И ако во тоа евентуално финале Аргентина стане светски првак, тогаш Лео може слободно да се пензионира.
Навистина фасцинантно, како на филм…