Јакимовски се прости од судењето, Качевски е нов ФИФА судија!

1867

Дејан Јакимовски кој во изминатата деценија важеше за еден од нашите најдобри судии се прости од судењето. Имено како што дознаваме тој се отселил од Македонија па така со тоа и престанува да суди. Инаку Јакимовски беше и ФИФА судија и важеше за човек кој и тоа како добро ги судеше најтешките мечеви во ПМФЛ.

На негово место како ФИФА судија доаѓа Јован Качевски, кој важи за судија кој во моментов е во ТОП-3 судии во Македонија. Посебно Качевски се истакна во минатата и оваа сезона кога судеше на неколку дерби натпревари и тоа го одработуваше на најдобар можен начин. Јасно е дека пред стружанецот судиската иднина е блескава посебно ако се знае дека станува збор за млад судија.

Кога сме кај ФИФА судиите да споменеме дека моментално имаме тројца, а тоа се Александар Ставрев, Игор Стојчевски и Јован Качевски.

ПретходноРакип “тресе“ и Малме води во дербито со Ѓургарден! (ВИДЕО)
СледноГолем гест: Матеус и го врати на Аргентина дресот на Марадона од финалето на СП 1986! (ВИДЕО)