Барса во трка за талентот на Васко Де Гама (ВИДЕО)

141

Тимот на Барселона секогаш е во потрага по следниот светски играч за врска, а овојпат изборот е паднат на 18. годишниот бразилец од дресот на Васко Де Гама, Андре Сантос. Тој се смета за идеална замена за Серхио Бускетс кој има 34. години и за кого скаутите велат дека ги има сличните карактеристики како и Бускетс.

Младиот Сантос , кој сезонава запиша 33 натпревари и 7 гола на своето конто во шампионатот на Бразил , импресионира со своите настапи на средината на теренот и важи за еден од најперспективните играчи на оваа позиција во својата земја. Тој има договор до летото 2027 година, но има ослободителна клаузула вредна 40 милиони евра.

ПретходноДарко Велковски: Против С. Арабија вистински да одговориме на предизвикот!
СледноНекогашни репрезентативци на Иран до ФИФА: Исфрлете ја нашата репрезентација од Мундијалот!