Барселона им се врати на победите. Во последниот меч до 10. Коло на Ла Лига, Каталонците вечерва без посериозни проблеми ја совладаа екипата на Виљареал со високи 3:0.
Чави тргна со подмладен тим во кој беа тројца од „децата“ на клубот, Ансу Фати, Гави и Педри, како и феноменалниот Роберт Левандовски, кој беше стрелец на два гола вечерва.
Интересно е што денеска на трибините на „Камп Ноу“ беше Марисио Покетино, по што веднаш почнаа шпекулациите дека тој ќе биде наследникот на Чави во скора иднина.
📸 | Mauricio Pochettino at Camp Nou tonight. pic.twitter.com/WjJPXa8W4E
— infosfcb (@infosfcb) October 20, 2022
По 10 одиграни кола, Барса е на второто место во Примера со 25 бода, три помалку од лидерот Реал.