Манчестер Јунајтед го суспендира Роналдо! (ВИДЕО)

470

По она што се случи вчера на мечот со Тотенхем, се чини дека Кристијано Роналдо го допре дното. Португалецот уште пред да заврши мечот гневно го напушти теренотм, а потоа и стадионот. На се ова му претходела расправија со тренерот Ерик Тен Хаг кој му посочил на Роналдо дека треба да влезе во финишот на мечот. Роналдо одбил да влезе во игра зошто сметал дека тоа било непочитување кон него. Ова се деталите кои денеска медиумите во Англија ги објавуваат.

Токму поради тоа, клубот попладнево одлучил да не смета на услугите на Роналдо на претстојниот меч со Челзи.

Тоа значи дека Манчестер Јунајтед ја суспендира својата мега – ѕвезда која просто го шокираше фудбалскиот свет со својот однос.

Останува да се види дали оваа суспензија ќе важи за само за мечот со Челзи или и за понатаму.

ПретходноСпецијална порака за играчите на Реал и тренерот Анчелоти!
СледноРакип “тресе“ и Малме води во дербито со Ѓургарден! (ВИДЕО)