Тен Хаг со политички одговор за непочитувањето на Роналдо!

300

Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ го победи Тотенхем со 2:0, во меч во кој беше толку доминантен што најдобар играч на поразениот тим беше голманот Уго Лорис. Кон неговиот гол беа упатени 28 удари, од кои 10 влегоа во рамката, францускиот голман успеа да сопре осум од нив.

По натпреварот повеќе се зборува за Кристијано Роналдо кој не играше отколку за него или победата која Јунајтед. Португалецот пред свирежот на судиијата се упати кон тунелот додека се уште траеше натпреварот, а Дејли Мејл пишува дека можно е да го напуштил стадионот пред крајот.

Менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хег избегна директен одговор на прашањето дали дозволил Роналдо да си замине додека неговите соиграчи се уште настапуваат, само даде краток коментар.

“Го видов, но не разговарав со него за тоа. Ќе разговараме. Сега ја славиме победата. Не сакам да зборувам за тоа сега, ќе зборуваме утре. Би сакал да го задржам фокусот на тимот и одличниот настап на сите 11 играчи и замени.Тоа беше тимски настап“, изјави Тен Хаг.

ПретходноЛапорта доби смешна казна за упадот во соблекувалната на судиите!
СледноДончиќ „решеташе“, па промаши шут за победа (ВИДЕО)