Утре промоција на новиот спонзор на КК Работнички

217

Откако МТел, комуникациската компанија од Србија пред неколку дена и официјално стана спонзор на КК Работнички, клубот од Гратски Парк веќе најавува нова финансисја инјекција.

Утре во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија оваа компанија и официјално ќе го промовира своето ново спонзорство овојпат во трофејниот македонски кошаркарски колектив.

За што поточно станува збор ќе дознаеме утре до 12:00 часот, а едно е сигурно дека КК Работнички очигледно дека стигна до моментот кога може да каже дека има стабилна финансиска конструкција зад себе со која што ќе може да функционира нормално. Изминатиот период за овој наш кошаркарски великан мина низ многу тежок период, а ова се потези кои очигледно го носат во еден сосема друг правец.

 

ПретходноСудии за ВМФЛ: Ристовски “главен“ на супер – дербито меѓу Гостивар и Вардар!
СледноРаботнички – Силекс на „Петар Милошевски“