Дејан Јакимовски кој во изминатата деценија важеше за еден од нашите најдобри судии се прости од судењето. Имено како што дознаваме тој се отселил од Македонија па така со тоа и престанува да суди. Инаку Јакимовски беше и ФИФА судија и важеше за човек кој и тоа како добро ги судеше најтешките мечеви во ПМФЛ.
На негово место како ФИФА судија доаѓа Јован Качевски, кој важи за судија кој во моментов е во ТОП-3 судии во Македонија. Посебно Качевски се истакна во минатата и оваа сезона кога судеше на неколку дерби натпревари и тоа го одработуваше на најдобар можен начин. Јасно е дека пред стружанецот судиската иднина е блескава посебно ако се знае дека станува збор за млад судија.
Кога сме кај ФИФА судиите да споменеме дека моментално имаме тројца, а тоа се Александар Ставрев, Игор Стојчевски и Јован Качевски.