Добри вести за Клоп: Се враќаат Кеита, Конате и Окслејд-Чембрлен

80

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп откри дека Наби Кеита и уште две ѕвезди на тимот се на прагот на враќање на теренот, но засега одби да потврди дали тие ќе бидат во тимот на мечот со Нотингем Форест утре.

Кеита беше надвор од теренот поради повреда на тетивата во последните неколку недели, но поранешниот играч од средниот ред на РБ Лајпциг сега се приближува кон враќањето во првиот тим. Ибрахима Конате и Алекс Окслејд-Чембрлен исто така се подготвени за настап откако ги надминаа сопствените проблеми со повреди.

Враќањето на тројката ќе дојде добредојдено за Клоп, кој утре попладне оди на гости кај „шумарите“.

Претходно12 поени на Симиќ во победата на Борац БЛ во АБА 2 лигата
СледноАлба го намачи европскиот шампион, но остана со празни раце