Иако беше номиниран, португалскиот ас Кристијано Роналдо не добил ниту еден глас во финалниот круг за трката по „Златната топка 2022“. Откако „Франс фудбал“ ги објави резултати, стана јасно дека ниту еден од гласачите не дал гласови за Роналдо.
Тој се најде во финалните 20 како освојувач на пет „Златни топки“ меѓутоа оваа година тој го зазеде последното место без ниту еден освоен бод. Тоа е јасно поради неговиот очаен перформанс оваа година, посебно оваа сезона во која повеќе ја грее клупата отколку што игра.
89 од 93 гласачи дале максимално гласови за Карим Бензема кој за прв пат во кариерата ја освои „Златната топка“.