Алба го намачи европскиот шампион, но остана со празни раце

67

Кошаркарите на Анадолу Ефес со многу мака на крајот ја победија Алба со 78:74 во 4. коло од Евролигата. Европскиот првак одигра многу тежок меч во кој гостите се покажаа како големо изненадување.

Алба добро се држеше, водеше во првиот дел од второто полувреме, но Ефес успеа во последната четвртина да најде сили за пресврт и победа. Одличен меч одигра Василије Мициќ со 20 поени, а Вил Клејбурн додаде 16.

Кај Алба се истакнаа Блат и Зусман со по 15 поени.

ПретходноДобри вести за Клоп: Се враќаат Кеита, Конате и Окслејд-Чембрлен
СледноШокоски со 15 гола за втора победа на Прилеп