Стивен Џерарад не е веќе тренер или менаџер на Астон Вила. Веднаш по синоќешниот пораз од Фулам, раководството на клубот од Бирминген му врачи отказ на легендарниот Џерард, иконата на Ливерпул и англиската репрезентација.
По очајните резултати сезонава во Премиерлигата ова се најавуваше а капак на се дојде поразот од Фулам и тоа беше крај за Џерард.
Астон Вила не сакаше да чека до утринава, туку точно на полноќ и официјално објави дека Џерард е бивши тренер на нивниот клуб.
Инаку веднаш почнаа шпекулациите за тоа кој би можел да биде неговиот наследник. Се шпекулира дека желбите на челниците на клубот се да дојде Маурицио Покетино, екс стратегот на Тотенхем и ПСЖ.