Вардар против Струга оди на седум од седум!

90

Попладнево и вечерва се играат два меча од машката ракометна Суперлига. Прво од 16:30 часот во Скопје, шампионот Вардар го дочекува составот на Струга. Се разбира дека вардарци се апсолутни фаворити и дека нивна желба е да дојдат до седмата победа во исто толку натпревари во новата сезона во нашата елитна лига.

Јасно е дека стружани не се тим кој се за потценување, но исто така се знае кој е кој во моментов.

Вечерва, исто во меч од 7.коло во групата -А, во 20 часот во Прилеп, се игра дуелот меѓу Прилеп и Куманово. Ова ќе биде одлична шанса за прилепчани да дојдат до втората победа сезонава, со иста таква желба ќе бидат и ракометарите на Куманово.

ПретходноСтанојковиќ го објави списокот со играчи за У-17 селекцијата за претстојниот квалификациски турнир!
СледноКК Работнички Видеолотарија Казинос Австрија официјално потпишаа соработка