Екипата на Кожув ги засили своите редови потпишувајќи нов странски кошаркар. Станува збор за Д’Анџело Хантер, 201 сантиметар висок кошаркар кој игра на позициите 2 и 3 и минатата сезона ја поминал во Мексико.
Тој ќе му се стави на располагање на тренерот Игор Михајловски и се очекува да биде меѓу главните адути на Кожув во продолжението од сезонава.
За потсетување, Кожув во првото коло од новата сезона загуби од Академија ФМП, по што во премиерниот домашен натпревар славеше над Струмица.